Поликлиника Мартини - Се што му е потребно на Вашето здравје, на едно место!

  • Јавете се на

    034 335 020; 071 296 515
  • Ул. Атанас Јанев 5

    2400 Струмица
  • Пон - Пет

    08:00 до 20:00

DEXA (Dual Energy X-ray Absorptiometry ) ДЕНЗИТОМЕТРИЈА

Што е тоа дензитометрија и како се изведува?

Дензитометрија претставува радиолошка метода за мерење на коскена густина. DEXA скен претставува дензитометриска метода која е златен стандард за навремено, неинвазивно дијагностицирање на остеопороза. Оваа метода е најсигурна, eдноставна, прецизна, безболна, безбедна и брза метода за одредување на коскениот метаболизам и отстапувања во истиот.Самото испитување трае од 15-20 минути. Се изведува во лежечка положба. За изведување на испитувањето не е потребна никаква претходна припрема освен отсранување на накит и облека која содржи метални делови.Добиените резултати се споредуваат со коскениот дензитет на здрави 30 годишни особи, и при тоа се добива така наречен Т скор. Т скор до -1СД(Стандардна Девијација) се смета за нормален, Тскор од -1СД до -2,5СД е во прилог на остеопенија а Тскор од -2,5 СД или повеќе укажува на остеопороза.

Остеопороза, остеомалација, и остеопенија

Остеопороза претставува метаболно заболување на коските при кое се намалува коскената густина а со тоа се зголемува ризикот за фрактури( скршеници).f

Остеопенија претставува лесно намалена коскена густина со низок ризик за настанување скршеници.

Остеомалација претставува нарушување на минерализацијата на коскениот матрикс.

Кога се прави дензитометрија?

Дензитометрија се препорачува за
– Пациенти кои се здобиле со ниско енергетска фрактура ( фрактура при мала траума )
– Жени над 60 г. со ризик фактори( скршеница на колк кај мајка, седентарен начин на живот, пушачи, со мала тежина)
– Кај жени кај кои менопаузата настапила пред 45 годишна возраст и кои не примале естрогенска заместителна терапија
– Пациенти кои се на долготрајна (подолго од 3 месеци ) кортикостероидна терапија
-Пациенти со хронична бубрежна инсуфициенција
-Пациенти со ревматоиден артритис
– Кај пациенти кај кои има намалување на висината повеќе од 5цм или кај кои има торакална кифоза
– Кај продолжена имобилизација (пр. после мозочен удар, коматозни состојби )
– Кај гастроинтестинални заболувања( целијакија, улцеративен колит, гастректомија)
– При сомневање за остеопороза на база на ртг снимки

Ризик фактори за настанување на остеопороза
– Недоволен внес на калциум и витамин Д
– Прекумерен внес на алкохол
– Недоволна физичка активност
– Пушење на цигари
– Шеќерна болест
– Нарушена функција на тироидна жлезда

Новиот DEXA скен овозможува и прецизно мерење на телесна композиција.

Оваа опција дава прецизна информација за распределба на телесните масти во телото како и информација за процентот на мускулна и коскена маса во телото. Прецизна информација за телесна композиција и распределба на масти помага во третман на многу болести.

Мерење на телесна тежина на вага е стар и непрецизен метод за да се процени влијанието на тежината и мастите врз здравјето. Информациите за телесната композиција од DEXA скен се важни при третман на многу болести: обезност, цистична фиброза, хронична бубрежна слабост и др.

Распределбата на масти во телото е битна и кај најздравите, спортистите. Спортистите имаат цел за постигнување на низок процент на масти во телото за постигнување на подобри резултати. Со помош на DEXA скен може прецизно да се одреди процентот на масти и нивната распределба во телото.