1. Што се Д-димери?
Д-димери претставуваат маркер за зголемена коагулација на крвта и како таков маркер ни покажуваат дали има ризик за развој на длабока венска тромбоза и ризик од пулмонална емболија.
2. Д-димери и бременост
Бременоста е природна прокоагулантна состојба, затоа Д-димерите природно се зголемуваат и имаат повисоки вредности. Зголемување на коагулантноста на крвта настанува постепено во тек на целата бременост. Д-димерите имаат највисоки вредности во последниот триместар и постепено се намалуваат после породување. Овие промени во зголемување на вредностите на Д-димери треба да се сметаат за нормален механизам за адаптација на телото на мајката. Преку овој механизам се спречува прекумерно крварење и искрварување во тек на породување.
Освен како природен, одбранбен механизам, Д-димерите во бременост имаат и клиниичко значење во дијагноза и третман на длабока венска тромбоза и пулмонална емболија. Ризикот во тек на бременост за длабока венска тромбоза и пулмонална емболија е зголемен за неколку пати. Ризикот е посебно зголемен кај пациентки со дијабет, хипертензија, обезност и ниикотнизам. Фрактури на нозе и имобилизација како и контрацептивна терапија пред бременост исто го зголемуваат ризикот.
Пулмоналната емболија е причина за 10-20% од смртноста кај родилките во развиентите земји. Поради тоа Д-димерите се испитуваат рутински кај трудници, за навремено откривање на пациентки со ризик.
Во тек на бременост секогаш постои ризик од прекумерено крварење (посебно во тек на прородување) и ризик од тромбоза. На овие два ризика секогаш мора да се мисли при третман со антикоагулантна терапија (Clexane) при покачени вредности на Д-димери.
3. Испитување на Д-димери во бременост
Испитување на Д-димери во бременост е поради откривање на пациентки со ризик од длабока венска тромбоза и ризик од пулмонална емболија.
Постојат повеќе протоколи за испитување на Д-димери во бременост. Битно е да се знае зошто се испитуваат во бременост и дека вредностите на Д-димери во бременост се повисоки. Постојат повеќе трудови во кои се дефинирани референтните вредности во бременост во секој од трите триместри. Д-димерите во бременост се испитуваат и за следење на антикоагулантна терапија.
Високи вредности на Д-димери кај трудници без ризик фактор, често се добиваат и покрај дадената висока доза на антикоагуланта терапија (Clexane, Fraxiparine).
Остави коментар
Остави коментар