Поликлиника Мартини - Се што му е потребно на Вашето здравје, на едно место!

  • Јавете се на

    034 335 020; 071 296 515
  • Ул. Атанас Јанев 5

    2400 Струмица
  • Пон - Пет

    08:00 до 20:00

Болни менструации

Болна менструација (dismenorhea) е честа и се јавува кај голем број на жени во првите два дена од менструацијата. Болните менструации може да бидат примарни и секундарни.

Примарна, болна менструација се јавува од почеток со првата менструација и обично се јавува поради дејството на простагландини кои се создаваат во матката. Болките започнуваат пред самото крварење и тогаш нивото на простагландини е високо. Во наредните денови на менструацијата нивото на простагландини се намалува како и болките. Примарна болна менструација обично се јавува на помлада возраст.

Секундарна, болна менструација се јавува кај повозрасни жени и најчесто причина е некое пореметување на гениталните органи. Болките започнуваат пред менструацијата и траат во тек на цела менструација а може и после завршување на менструацијата. Причини може да бидат ендометриоза, аденомиоза, миоми…..

Откривање на причина за болна менструација се прави со гинеколошки преглед и со гинеколошки ултразвук. Доколку причината не може да се открие со овие прегледи тогаш се поставува индикација за лапароскопија.

Како терапија за болна менструација се користат нестероидни антиреуматици ( aspirin, ibuprofen ), орални контрацептиви, интраутерина спирала… Се користи и алтернативна терапија како Витамин Б, магнезиум и акупунктура.